И конечно, во новата рубрика на #ЈазичарницаПрашува, ве запознаваме со луѓе што го учат и зборуваат македонскиот како странски јазик!
Во првото видео запознајте ја Ника, докторантка од Словенија, која раскажува за својата љубов кон македонскиот јазик! Дознајте како дошло до тоа да го изучува токму овој јазик, кој е нејзиниот омилен збор и кои македонски песни ѝ се омилени.
Голема благодарност до Ника, Бојан Станиќ за дизајнот и анимацијата на воведната шпица и morvern што ни дозволи да ја употребиме неговата музика.
Девојко секоја чест,можеш да им дадеш часови и на учениците во Македонија.
Инаку јас сум од Велес ,токму говорното подрачје кое е нај чисто за говорење,литературно се разбира.
Ме воодушеви.
Ми се допаѓаМи се допаѓа