За блогот

Јазичарница, мн. јазичарници ж. Простор каде што се зборува за јазици, зборно место за јазичари и вљубеници во јазикот. Пример: Добре дојдовте во нашата јазичарница!

Јазичарница e првиот блог за лингвистика на македонски јазик. Целта на овој проект е да ја приближи лингвистиката кон пошироката македонска јавност на едноставен и разбирлив начин. Јазичарница претставува збирка од материјали достапни за сите, чија цел е да поттикнат размислување и дискусија на различни теми поврзани со науката за јазикот и со македонскиот јазик.

Авторки на блогот се лингвистките Нина Тунтева и Викторија Блажеска.

Јазичарница настана со поддршка од страна на LingComm, иницијатива што поттикнува проекти за популаризација на лингвистиката. Им благодариме на Гречен и Лорен за нивните совети и вербата во нас! Повеќе за грантот што го добивме и за останатите добитници може да прочитате тука.

Сите текстови на Јазичарница се авторски и поткрепени со научни извори, но не користиме цитати за да не ги оптоваруваме објавите. Ако ве интересира кои извори ги користиме за конкретен текст, слободно пишете ни и ќе ви ги испратиме.

За графичкиот дизајн и препознатливоста на Јазичарница сме му бескрајно благодарни на Бојан Станиќ, чии дела може да ги најдете тука.

Покрај блогот, нашите активности може да ги следите и на ФејсбукИнстаграм и Твитер, или ако се претплатите на бесплатните месечни известувања.

За да нѐ контактирате, анонимно оставете коментар тука или пишете ни на следнава адреса: jazicharnica@gmail.com.