Анонимна порака: Предобра идеја ви е блогов! Многу сум задоволен од вашите објави! Особено ми се допадна она за одредени зборови кој како вели во својот град во Македонија. Сигурно има уште стотици такви примери… На приме следниот пат спроведете прашалник и да ги прашате луѓето како велат за „пајак“ или „пајажина“, „таван“ (некои велат пано’ преку грчкиот), глаголот „фаќа“, „јадранки“ (во Скопје велат апостолки)…
Фала ви многу за убавите зборови и за предлозите! Се согласуваме дека има уште многу такви зборови што се дел од нашето секојдневие, а не сме ни помислиле дека некаде за истата работа се вели поинаку. Всушност, за пајак и пајажина не сме ни чуле други зборови, па ве молиме пишете ни на што мислевте, бидејќи сега нѐ заинтересиравте :))