Анонимна порака: Предобра идеја ви е блогов! Многу сум задоволен од вашите објави! Особено ми се допадна она за одредени зборови кој како вели во својот град во Македонија. Сигурно има уште стотици такви примери… На приме следниот пат спроведете прашалник и да ги прашате луѓето како велат за „пајак“ или „пајажина“, „таван“ (некои велат пано’ преку грчкиот), глаголот „фаќа“, „јадранки“ (во Скопје велат апостолки)…


Фала ви многу за убавите зборови и за предлозите! Се согласуваме дека има уште многу такви зборови што се дел од нашето секојдневие, а не сме ни помислиле дека некаде за истата работа се вели поинаку. Всушност, за пајак и пајажина не сме ни чуле други зборови, па ве молиме пишете ни на што мислевте, бидејќи сега нѐ заинтересиравте :))

Анонимна порака: Не сум знаел дека ме интересира лингвистика с`е до овој момент. Благодарам што постоите!


Поракава МНОГУ нѐ израдува, бидејќи токму со таа мисла ја започнавме Јазичарница! Ви благодариме вам што нѐ читате и ако имате какви било желби во однос на тоа што би сакале да читате понатаму, слободно пишете ни!

Анонимна порака: Одлична и толку потребна страница. Би било убаво да постои и англиска верзија, за пријателите кои не зборуваат македонски. Поздрав.


Тоа е добра идеја, но тоа што нашата Јазичарница ја пишуваме само на македонски е токму поради тоа што сакаме да постојат вакви содржини за лингвистиката на македонски јазик. 

На англиски се наоѓаат многу вакви проекти, како на пример серијалот видеа Crash Course Linguistics или подкастот Lingthusiasm, покрај многуте енциклопедии и книги за популарна лингвистика (топло го препорачуваме Дејвид Кристал).

Што се однесува на содржини за македонскиот јазик напишани на англиски, во моментов постои само стручна литература што се занимава со ова. Можеби во иднина би превеле некои од нашите содржини, но засега сме посветени на пренесување на содржините на македонски.

Фала ви многу за убавите зборови и поздрав! 🙂

Анонимна порака: Здраво, голема подршка за вас. Вакви проекти се она што ни е потребно. Но имам една забелешка, а тоа е да го смените фонтот бидејќи, врз малата буква г имаме цртичка,буквата т не се пишува како буквата м , на буквата к не оди линијата до горе. Постоеше некоја работилница за ова , но сега неможам да ја најда. Мислам дека доколку го промените фонтот се ќе биде перфектно. Поздрав и голема подршка


Фала многу за поддршката и особено за коментаров, бидејќи први ни посочивте на овој проблем (во меѓувреме ни пишаа и други луѓе). Всушност од самиот почеток се погриживме фонтот да биде соодветен (особено кај закосените букви), затоа што и нам ни пречи кога фонтот не соодвествува на македонската кирилица. Колку за илустрација, кај нас вака изгледа еден исечок од последната објава:

Би можеле ли пак да ни пишете со повеќе податоци преку каков уред (компјутер, телефон, таблет…), оперативен систем, прелистувач и/или апликација го отворате нашиот блог?

Фала уште еднаш, работиме на решавање на овој проблем 🙂