Во недела (3.10.2021) го прославивме првиот роденден на Јазичарница, па ја споделуваме со вас снимката од разговорот што го направивме со Андреј Јованчевски по тој повод! Чујте како се роди идејата за блогот и како ни успеа да ја оствариме, како решаваме за што ќе пишуваме и уште многу други нешта. Покрај тоа, направивме и една мала прошетка низ нашиот подновен блог и низ социјалните мрежи, а одговараме и на прашањето на еден наш читател.
Им благодариме на Андреј и на целиот тим на кафе-книжарницата „Буква“ што ни овозможија да го прославиме првиот роденден во Скопје, на другарка ни Марија Сапунџија за техничката поддршка на Зум, на сите гости и секако на сите читателки и читатели што нѐ мотивираат да продолжиме со нашата работа!