Денес сакаме накратко да ви ја претставиме платформата LinguaLibre, проект на француската Викимедија. Се работи за дигитална ризница на звучен материјал на различни јазици, меѓу кои е и македонскиот. Собирањето материјал и уредувањето на самата страница може да ги врши секој на доброволна основа, а за тоа треба да се направи кориснички профил на порталот: https://lingualibre.org/wiki/LinguaLibre:Main_Page
Целта на проектот е да се претстави и документира разноликоста на јазиците, а снимките ќе бидат употребени и за лингвистички истражувања.
Ве поттикнуваме доколку имате време и желба да придонесете со свои снимки на македонски јазик или да учествувате во преведувањето на информативните страници на проектот на македонски.
Следниве извори се достапни за поддршка при работата на платформата: прирачник со упатства (на англиски јазик: https://lingualibre.org/wiki/Category:Lingua_Libre:Help), видео со упатства (на француски јазик: https://youtu.be/DYqiJa5QOuM) и едно подолго предавање (на шпански јазик: https://youtu.be/zxsX7S71wPc).