Анонимна порака: Одлична и толку потребна страница. Би било убаво да постои и англиска верзија, за пријателите кои не зборуваат македонски. Поздрав.


Тоа е добра идеја, но тоа што нашата Јазичарница ја пишуваме само на македонски е токму поради тоа што сакаме да постојат вакви содржини за лингвистиката на македонски јазик. 

На англиски се наоѓаат многу вакви проекти, како на пример серијалот видеа Crash Course Linguistics или подкастот Lingthusiasm, покрај многуте енциклопедии и книги за популарна лингвистика (топло го препорачуваме Дејвид Кристал).

Што се однесува на содржини за македонскиот јазик напишани на англиски, во моментов постои само стручна литература што се занимава со ова. Можеби во иднина би превеле некои од нашите содржини, но засега сме посветени на пренесување на содржините на македонски.

Фала ви многу за убавите зборови и поздрав! 🙂

Напишете коментар